Папата: Хуманитарната поддршка и чувството за братство не смеат да се засноваат на географијата
Папата Фрањо прими нови нерезидентни амбасадори во Светиот Престол од Пакистан, Обединетите Арапски Емирати, Бурунди и Катар и ги охрабри државите да не губат надеж во свет исполнет со човечко братство и мир. Тој потсети на бројните конфликти во светот кои немаат медиумско внимание и посочи дека хуманитарната поддршка и чувството за братство не смее да се заснова на географијата или личниот интерес.
Примајќи ги во аудиенцијановите нерезидентни амбасадори во Светиот Престол, папата Фрањо во четврток 19 мај 2022 година, истакна дека тие ја започнуваат својата мисија во еден посебен предизвикувачки момент во историјата. Новите амбасадори ги претставуваат Бурунди, Обединетите Арапски Емирати, Пакистан и Катар.
Иако светот почнува да се враќа во нормала по пандемијата, темен облак од војна се спушти над Источна Европа, а потоа го обви целиот свет на директни или индиректни начини, рече Папата. Сепак, додаде тој, дури и трагедија од вакви размери може да го истакне најдоброто во човештвото, како што знаеме да истакнеме кога станува збор за одговор на пандемија.
Иако модерната технологија може да ни ги покаже ужасите на војната, таа исто така може да поттикне чувство на солидарност и братство, рече Папата, истакнувајќи ги напорите за обезбедување хуманитарна помош и несебично прифаќање бегалци кои бегаат од конфликти.
Папата потсети и на многу други конфликти ширум светот, кои имаат мало или никакво медиумско внимание.
Хуманитарната поддршка и чувството за братство не смеат да се засноваат на географијата или личниот интерес, нагласи тој. Ова не се однесува само на ситуации на војна и насилен конфликт, туку и на други случаи на неправда што го мачат човечкото семејство, како што се климатските промени, сиромаштијата и гладот.
Светиот Отец рече дека постојаните напори на Светиот Престол за изнаоѓање решенија за овие проблеми се спроведуваат со убеденост дека овие прашања, кои го засегаат целото човечко семејство, бараат обединет одговор од меѓународната заедница и секој член има своја улога. .
Во тој поглед, улогата на амбасадорот во никој случај не е лесна служба, рече Светиот Отец. Тој ги охрабри никогаш да не губат надеж во нивните напори да изградат свет каде што преовладува чувството на братство и меѓусебно разбирање и каде што несогласувањата се решаваат по мирен пат.
Ватикан њуз/к.мк