Папата: Христијаните треба да го отвораат патот за Исус

Папата: Христијаните треба да го отвораат патот за Исус

Христијаните треба да гледаат на Иван Крстител како на пример за понизно сведочење на Исус; тој до смрт се негирал себе за да го покаже доаѓањето на Божјиот Син – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 16 декември во домот Света Марта.

На светата Литургија со Папата учествуваа монаси, монахињи, епископи, свештеници и брачни парови, од кои некои одбележуваат педесет годишнина од бракот или посветениот живот.

Иван Крстител го објавува Исус

Како и во последните два дена, литургијата денес нѐ поттикнува на размислување за ликот на свети Иван Крстител кој Евангелието го претставува како „сведок.“ Тој е повикан да го „сведочи Исус“, „да го покаже Исус“ како што тоа го прави светилката во односот со светлината. Светилката покажува каде е светлината, ја сведочи светлината. Иван Крстител бил глас. Тој самиот за себе вели: Јас сум гласот на Оној кој вика во пустината. Тој бил гласот кој го сведочел Словото, го покажал Божјото Слово. Бил само глас. Слово. Проповедал покора и крштевал, а јасно говорел: Оној што иде по мене е поголем од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган“ – рече Папата.

Понизноста на Иван е пример за христијаните

Иван е „привремен кој го покажува конечното“, а Исус е конечното. Во тоа е големината на Иван, секогаш потврдена со јасен одговор: „Не сум јас“ кога народот и книжниците го прашувале дали тој е Месијата. Тоа привремено но сигурно сведоштво, таа светлина не може да ја згасне ветрот на празнината, тој глас не може да ја намали силата на горделивоста, а секогаш покажува на другиот и ја отвора вратата за сведоштвото на Отецот и сведоштвото кое Исус денес го изговора: „Ова е мој Син“. Иван ја отворил вратата. Голем е Иван Крстител, секогаш се става на страна – рече Светиот Отец, додавајќи:

Понизен е, „уништува сѐ“ движејќи се по истиот пат по кој подоцна ќе појде Исус, патот на „негирањето на самиот себе“. Така ќе биде сѐ до крајот: „во темнината на една самица, во затвор, главата ќе му ја отсечат пркосејќи на една танчерка, заради зависта на една прељубница и слабоста на еден пијаница. Кога би морало да се направи негов портрет би било доволно тоа да се прикаже – рече Папата.

Христијаните со својот живот треба да го отвораат патот за Исус

Овој е прекрасен ден за преиспитување на сопствениот христијански живот; ја отвора ли секогаш вратата за Исус, го покажува ли секогаш Исус. Треба на Бог да Му се заблагодариме на безброј пати кога тоа се случило, да Му се заблагодариме и за тоа што и по педесет години повторно одново може да се сведочи Исус. Нека Иван, големиот сведок, ви помогне на тој пат кој денес по педесет години, повторно го започнувате – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот