Папата Фрањо во недела, на 25 април 2021 година, во базиликата Свети Петар ќе ракоположи девет ѓакони за свештеници. Сите деветмина во моментов се на духовни вежби за нивното свештеничко ракополагање.
Папата Фрањо, бискупот во Рим, на 25 април ќе ракоположи девет ѓакони за свештеници во базиликата Свети Петар, а се совпаѓа со Неделата на добриот Пастир.
Светата Литургија ќе започне во 9.00 часот, а ќе се пренесува во живо на Ватиканските медиуми, Телепаче, ТВ2000 и на Фејсбук страницата на Римската бискупија.
Физичкото присуство на оваа свеченост ќе биде во согласност со здравствените прописи предвидени за Ковид – 19, вклучително и проверки на температурата на телото, носење маски и дезинфекција на рацете.
Образовани на различни места
Во соопштението објавено во понеделник 19 април 2021 година от од Канцеларијата за печат на Викаријатот во Рим се вели дека ѓаконите во моментов се наоѓаат во еден манастир на духовни вежби за нивното ракополагање.
Сите учеле во различни бискупски семинарии. Шестмина од нив – Георг Мариус Богдан, Салваторе Марко Монтоне, Мануел Сечи, Диего Армандо Барера Пара, Салваторе Лучеси и Џорџо де Иури – се образовани во Папската римска голема семинарија. Другите двајца, Рикардо Кендамо и Самуел Пиермарини, во колегиумот „Редемпорис Матер“, додека Матеус Анрике Атаид да Круз бил образуван во Семинаријата на Девица на Божествената љубов.
Ватикан њуз/к.мк