Папата Фрањо: Четири работи кои ќе ја надополнат молитвата

Папата Фрањо: Четири работи кои ќе ја надополнат молитвата

Папата Фрањо нè советува што е потребно за средбата со Господ, Кој е жив и е помеѓу нас.

Молитвата не е само искажување на текст посветен на Бога, тој е издигнување на душата кон Бога.

Папата Фрањо истакнува дека молитвата е дијалог, личен однос со Бог за кој сме сите создадени.

Папата ни укажува на елементите кои се потребни за молитва.

Тишина, бидејќи секој разговор бара тишина.

И од Божјата таинствена тишина допира Неговото Слово кое одекнува во нашите срца. Самиот Исус нè учи како навистина можеме да бидеме соединети со Отецот, а тоа ни го покажува со молитвата, рече папата Фрањо.

Да научиме да го нарекуваме Бог, наш Отец.

Мораме да научиме да кажеме „Оче“, односно, да се приближиме до Господ со целосна доверба – порачува Папата.

Да веруваме и да имаме доверба, како децата.

Децата знаат да веруваат, знаат дека некој ќе се грижи за нив, за тоа што ќе јадат, облекуваат… потврдува папата Фрањо.

Како децата, да дозволиме Бог да нè изненади.

Детето се изненадува дури и на најмалите работи, затоа што сè околу него е ново. За да стигнеме во Царството небесно, потребно е понекогаш да се изненадиме. Бидејќи средбата со Господ е секогаш средба со некој кој е жив, не е тоа средба со некој од музеј. И одиме на света Литургија, а не во музеј. Одиме на средба со Господ – заклучува Папата.

Лаудато/к.мк/о.Ѓ.Појразов

Категорија: Вера, Духовност

За авторот