Денеска е Светски ден против Алцхајмеровата болест, која погодува многу луѓе кои поради тоа што боледуваат од оваа болест често се туркаат на маргините на општеството. Да молиме за луѓето со Алцхајмерова болест, за нивните семејства и за оние кои со љубов се грижат за нив, така што тие ќе бидат поддржани и помагани уште повеќе. Во мојата молитва ги вклучувам и мажите и жените со дијализа, хемодијализа и трансплантација, чии претставници се собраа овде на плоштадот, рече Папата во својот апел на крајот од редовната Генерална аудиенција во среда 21 септември 2022 година.
Ватикан њуз/к.мк