Папата Фрањо со пофалби за „брилијантниот“ математичар и филозоф Блез Паскал

Папата Фрањо со пофалби за „брилијантниот“ математичар и филозоф Блез Паскал

Во новото Апостолско писмо објавено на денот кога би наполнил 400 години, папата Фрањо искажа пофалби за „брилијантниот и љубопитен ум“ на францускиот мислител Блез Паскал.

„Неуморен трагач по вистината“

Така папата Фрањо го дефинира Блез Паскал, француски математичар, физичар и филозоф роден на 19 јуни ден пред 400 години.

Папата му посвети Апостолско писмо, нагласувајќи ја неговата научна брилијантност, грижа за сиромашните и немилосрдна потрага по Бога.

Писмо

Клучна тема на писмото на папата Фрањо е „брилијантниот и љуубопитен ум“ на Паскал. Како чудо од дете, тој направи значајни откритија во математиката веќе на 19 годишна возраст, измисли аритметички калкулатор, претходник на современиот компјутер.

Папата нагласува дека Паскал ги користел своите интелектуални дарови за да се бори со „прашањата што ја мачеле неговата возраст“, измислувајќи го, на пример, системот „кочија за пет пени“, првата мрежа на јавен превоз во светот.

Светиот Отец понатаму го пофалува Паскал – кој, на 31-годишна возраст, доживеал искуство на преобраќање што го нарекол „Огнена ноќ“ – за неговото нијансирано разбирање на улогата на разумот во верското верување.

Од една страна, вели Папата, Паскал се залагал за „разборитост на верата во Бога“; од друга, токму поради сопствената интелектуална сила, тој ги препознал и границите на разумот и ја истакнал важноста да се одговори со вера на Божјиот повик.

Последната тема што произлегува од писмото е вниманието на Паскал кон оние помалку богатите од него.

Папата ги цитира зборовите на Паскал на неговата смртна постела: „Доколку лекарите ја кажат вистината, а Бог даде да закрепнам од оваа болест, јас сум решен да немам друга работа или занимање до крајот на мојот живот освен да им служам на сиромашните“.

„Трагателно е“, пишува папата Фрањо, „да се сфати во последните денови од својот живот, толку голем гениј како Блез Паскал дека не гледа ништо поитно од потребата да се посвети својата енергија за дела на милосрдието“.

Кардинал Толентино: Папата „голем љубител“ на Паскал

На прес-конференција свикана по повод презентацијата на Апостолското писмо, кардиналот Толентино де Мендонса – префект на ватиканската дикастерија за култура и образование– истакна дека папата Фрањо е „голем љубител“ на Паскал.

Кардиналот истакна дека Папата објави (или планира да објави) голем број такви Апостолски писма, за личности, како што се Данте Алигиери и Света Тереза од Лизие, кои ги оценува како „светилници“ за современиот свет.

Паскал, рече португалскиот кардинал, е еден таков светилник, бидејќи тој „соединува сè“: наука и вера, филозофија и математика, духовност и практичен начин на размислување.

Тој, исто така, нагласи дека писмото на папата Фрањо, како и дискусијата за добро познатите аспекти од животот на францускиот писател, дава оригинален придонес во тоа што навлегува во помалку позната територија, како што е неговата грижа за сиромашните.

Како одговор на прашањето за поврзаноста на Паскал со јансенизмот, контроверзно теолошко движење во раната модерна црква, кардиналот рече дека францускиот писател бил „совршен католик“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот