Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник вечерта извести дека здравствената состојба на папата Фрањо покажува благо подобрување. Папата синоќа не беше на механичка вентилација. Ситуацијата останува стабилна во рамките на сложената ситуација. За среда вечер се очекува да биде објавен медицински билтен.
Папата Фрањо во понеделник спрема вторник немаше потреба механичка вентилација. Ова е една од вестите што Канцеларијата за печат на Светиот Престол им ја соопшти на новинарите за да ги информира за здравствената состојба на Папата, кој од 14 февруари е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“.
Состојбата на Папата останува стабилна, а е забележано и мало подобрување на неговите физички и респираторни функции. Лекарите постепено ја намалуваат употребата на механичка вентилација во текот на ноќта и терапија со високопроточен кислород во текот на денот, продолжувајќи со вообичаената примена на кислород преку назални канили. Затоа, минатата ноќ Папата не носеше маска; Оваа добра вест треба да се земе со претпазливост, посочуваат од Канцеларијата за печат, бидејќи тоа не значи дека нема да се користи во наредните денови. Потребно е постепено намалување, а не конечен прекин.
Што се однесува на секојдневните активности, папата Фрањо прима лекови, респираторна и физикална терапија, работеше кратко и се посвети на молитва. Продолжува да ја следи диетата пропишана од лекарите, а која вклучува цврста храна.
Ватикан њуз/к.мк