Примајќи ги во аудиенција учесниците на екуменското ходочастие насловено „Подобро сите заедно“, кое тргна од Германија, папата Фрањо посака за Црквата „подготвеност за слушање“, исто така по повод синодското одење.
На 25 октомври 2021 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на екуменското ходочастие од Германија, насловено „Подобро сите заедно“ („Besser zusammen“). Главната тема на неговото обраќање до присутните беше соборност, а таа соборност не значи само да се „зборува“, туку и да се „слуша“, токму онака како што се случува во некој хор. На почетокот ме поздравивте со заедничка песна. Пеењето поврзува – рече Папата. Во хорот никој не е сам; важно е да се слушаат другите. За Црквата ја сакам таа подготвеност за слушање. Тоа повторно го учиме во синодското одење.
Затоа Папата ги поттикна присутните во животот да ја слушаат Божјата мелодија, отворајќи ги ушите и срцето за она што Господ го составил за секој од нас. Кој пее со отворено срце – истакна, можеби и не забележува веќе го допира Божјото таинство, односно Неговата Љубов. Секогаш слушајте ја Божјата мелодија во својот живот. Така од многу гласови се создава една песна. Така се создава и екуменизмот, во Германија и во голем број други делови на светот – истакна папата Фрањо.
Мотото на екуменското ходочастие од Германија до Рим, кое е на програмата од 23 до 30 октомври, гласи „Подобро сите заедно“ („Besser zusammen“). Тој настан ја следи сличната иницијатива одржана во 2016 година насловена „Со Лутер до Папата“, организирана за подготовката за 500 годишнина од Реформацијата. Иницијативата ја предложи Уредот за пасторал со младите од бискупијата Магдебург и Канцелариите за пасторал со деца и млади на Евангелските Цркви во централна Германија и во Анхалт.
Папата Фрањо го спомна тој настан пред присутните на аудиенцијата кои ги придружуваше кардиналот Курт Кох претседател на Папскиот совет за единство на христијаните и рече дека некои од присутните веќе учествувале на ходочастие пред пет години, но дека денес им се придружиле голем број на нови лица.
Ватикан њуз/к.мк