Папата Фрањо се сретна со францускиот претседател Макрон во Ајачио

Папата Фрањо се сретна со францускиот претседател Макрон во Ајачио

Последниот настан за време на посетата на папата Фрањо на Корзика беше разговорот зад затворени врати со францускиот претседател Макрон, во приватна сала на аеродромот во Ајачио. По размената на подароците, Светиот Отец го поттикна претседателот да прочита дел од поттикот „Gaudete et Exsultate“ во која се споменува поуката на свети Томас Мор, дека никогаш не треба да го губиме доборото расположение.

Ви благодарам за овој гест да дојдете овде. Овој гест ја покажува Вашата личност, барајќи средба. Ви благодарам за времето што ми го посветивте – со овие зборови на благодарност, папата Фрањо го пречека францускиот претседател Емануел Макрон на 15 декември, кој дојде во Ајачио за да го поздрави Светиот Отец непосредно пред неговото заминување од Корзика, дестинацијата на неговото 47. апостолско патување.

Како подарок книги за катедралата Нотр Дам

Веднаш на почетокот на средбата, претседателот Макрон му подари на Папата подарок: голема книга посветена на катедралата Нотр Дам, која беше повторно обновена по драматичниот пожар во 2019 година и повторно беше отворена за јавноста на 7 декември.

Не губете го вашето добро расположение

Папата возврати со медалјон од понтификатот и документи од црковното научителството. Светиот Отец зеде примерок од апостолскиот поттик „Gaudete et Exsultate“ и ја побара страницата на која е цитирана препораката на свети Томас Мор – која секогаш ја повторува во своите говори – и која нè поттикнува да не го губиме нашето добро расположение. Папата му го покажа на претседателот Макрон тоа место во документот и побара од него да го прочита и да стави ознака на таа страница. Претседателот одговори со насмевка и се ракуваше со Папата.

Ви благодариме за посетата

Францускиот претседател му се заблагодари на Папата за посетата, нагласувајќи дека ја видел радоста на жителите на Корзика, кои биле многу горди бидејќи можеле да примат еден Папа. Претседателот Макрон му се заблагодари на папата Фрањо во име на Корзика и Франција. Меѓутоа, во исто време изрази жалење за циклонот во францускиот архипелаг Мајот кој предизвика стотици жртви, на кој Папата потсети пред да мтватаоли Ангел Господов во катедралата во Ајачио.

Потоа следуваше разговорот зад затворени врати, последниот чин пред испраќањето на аеродром. Во соопштението подоцна објавено од кабинетот на претседателот, се истакнува срдечната атмосфера на средбата меѓу Папата и францускиот претседател, на која се разговарала за актуелни меѓународни теми, а особено за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток. Претседателот Макрон му се заблагодари на Папата за посетата на Корзика и му посака најдобро за почетокот на јубилејот, се вели во соопштението.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот