Папата им се заблагодари на младите момчиња и девојки ангажирани во фондацијата Сколас Окурентес за нивното сведошво и креативност. Младите му зборуваа на Папата за своите обврски на факултетот, кои го живеат посланието, како светот би бил по праведен и без војна,како и за средбата, по патот на таа институција, со луѓето од различни култури.
Папата Фрањо за време на престојот во Токио, меѓу другото се сретна и со група јапонски млади вклучени во фондацијата Сколас Окурентес. Папата им објасни дека не е мудрост да се има идеи, туку да се изразуваат на три начина: преку умот, со кој искажуваме идеи, срцето, тоа што го чуствуваме, и рацете, тоа што го правиме.
Кога овие три начини на изразување се користат хармонично, човекот навистина е креативен – рече Папата Фрањо им се заблагодари на овие млади момчиња и девојки за храброста – како што рече – многу е едноставно да се затвориш во сопствените идеи, додека секогаш е ризик да излезеш, да чуствуваш и да дејстуваш. На крајот ги благослови малото маслиново дрво и чинија, кои ќе бидат поставени во новото седиште на фондацијата, која беше инаугурирана во градот Сендаи.
Ова ново седиште на фондацијата е тринасетто по ред во светот, а прво на азискиот континент. По долги години меѓународна работа за промена на образовниот систем, оваа фондација призна дека младите сакаат да бидат послушени и дека сакаат да бидат во можност активно да учествуваат во промената на општеството.
Фондацијата е основана по иницијатива на тогашниот надбискуп на Буенос Ариес Хорхе Берголо како проект за интегрирање на студенти од сите вери, која пристигна и во Јапонија и своето прво седиште го организираше во градот Сендаи. Другите нејзини седишта се во: Аргентина, Ватикан, Колумбија, Шпанија, Хаити, Италија, Мексико, Мозамбик, Панама, Парагвај, Португалија и Романија.
На крајот напомена дека фондацијата е меѓународна организација со Папско право, со своја мрежа која опфаќа повеќе од 500.000 институции и образовни мрежи и 190 земји. Нејзиното послание е интеграција на сите ученици и студенти во светот преку технолошки, спортски и уметнички предлози кои промовираат воспитување за културна средба.
Ватикан њуз/к.мк