Во писмото до кардиналот Балтазар Порас Кардоз за неговиот именден, папата Фрањо ја повтори својата близина со венецуелскиот народ кој е „ставен на искушение од страдањата предизвикани од пандемијата и ароганцијата на моќниците“.
Папата Фрањо испрати кратко писмо до кардиналот Балтазар Порас Кардоз, надбискуп во Мерида и апостолски управител на Каракас, по повод неговиот именден, кој го славеше на Богојавление. Во писмото Папата ја повтори својата близина со венецуелскиот народ, кој во последниве години e жртва на голема хуманитарна и општествено-економска криза, а денес е уште повеќе отежната од пандемијата КОВИД-19. Нека Бог продолжи да ви дава сила и отвореност со татковско срце да го придружувате и утешувате вашиот свет верен народ, кој е ставен на искушенија од страдањата предизвикани од пандемијата, ароганцијата на моќниците и сѐ поголемата сиромаштија која ги гуши – напиша Папата.
На празникот Богојавление, денот на објавата на Божјата понизност, која – како што напиша – станува светло коjа ја надминува темнината што го покрива светот, Папата му го честиташе на кардиналот неговиот именден и се моли на Господа за неговата епископска служба и личен живот. На крајот моли заштита од Дева Марија и свети Јосиф, како и застапништво на Свети Балтазар, давајќи му апостолски благослов.
Писмото на Папата беше придружена со срдечни честитки од државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин, кој својата последна дипломатска служба ја имаше токму во нунцијатурата во Венецуела. И заменик државниот секретар, Венецуелецот Едгар Пења Пара, ја искористи можноста да искаже почит кон кардиналот.
Кардиналот Порас Кардозо оваа недела присуствува на редовната сесија на Епископската конференција на Венецуела, која во понеделникот започна вирутелно поради пандемијата,. Во прилог на анализата на состојбата во земјата, епископите во Венецуела разговараат и за II. Национална средба на пасторални работници, што треба да се одржи оваа година, откако минатата година беше одложена поради пандемијата.
Ватикан њуз/к.мк