На 10 октомври 2018 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција верниците од надбискупијата во Краков.
На 10 октомври 2018 година пред Генералната аудиенција во салата Павле VI прими група од околу 700 верници од надбискупијата во Краков. Притоа ја спомна гостољубивоста која му беше пружена токму во Краков во 2016 година и ја истакна причината за нивното ходочастие во Рим, а таа е за да му се заблагодарат на Бог за животот и папството на свети Иван Павле II по повод 40 годишнина од неговиот избор за Папа.
Папата Фрањо меѓу останатото ја истакна силната поврзаност на папата Војтила со неговата родна земја. Свети Иван Павле II ја збогати општата Црква со изобилни дарови кои во голем дел ги наследил од богатството на верата и светоста на вашата земја и вашата Црква – рече папата Фрањо.
Од краковските светци научил неизмерно да се посветува на Бог и да биде многу чувствителен кон секој човек, што ја вдахнувало неговата служба – додаде папата Фрањо. Го примил од Бог големиот дар за толкување на знаците на времето во светлината на Евангелието, придонесувајќи со тоа за својот народ.
Полскиот народ – продолжи Папата – кој во болните настани во својата историја никогаш не ја загубил довербата во Бог, ниту верноста на своите христијански корени. Верен на тие корени настојувал да направи Црквата да се подигне како заштитничка на неотуѓивите права на човекот, семејството и народот, за да биде знак на мирот, праведноста и интегралниот развој за целото човечко семејство. Истовремено, секогаш ја истакнувал предноста на милостите и послушноста на Божјата волја пред секоја човечка пресметка.
Богатото наследство на свети Иван Павле II за сите нас е предизвик да бидеме верни на Христос и радосно да одговориме на неговиот повик на светост, секој во своите посебни лични прилики – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк