Во 20.10 часот според локално време на 15 јануари авинот кој го превезуваше папата Фрањо, новинарите и делегацијата кои го придружуваат слета на меѓународниот аердром Сантијаго де Чиле, со што папата Фрањо ја започна првата етапа од 22 меѓународна апостолска посета, шеста во Латинска Америка.
По слегувањето од авионот Папата беше поздравен од претседателката на Чиле Мишел Бачелет и од кардинал Рикардо Езати, и пречекан со интонирање на националната химна и една традиционална песна, изведена од едно мало девојче.
По церемонијата за пречек, Папата со кола се упати кон црквата „Свети Луис Белтран де Падауел“, која се наоѓа во населба источно од Сантијаго. Таму папата Фрањо се задржа во кратка молитва пред гробот на монс. Енрике Алвеар Уруита, помошен епископ на Сантијаго, кој починал во 1982 година и е познат како „епископ на сиромашните.“
Од таму со папамобилот, Светиот Отец се упати кон нунцијатурата, при што по патот беше поздравен од голем број верници.
Првиот ден од посетата на Папата на Чиле ќе започне во 8.30 часот според локално време со средбата со претставници на власта, граѓанското општество и дипломатскиот кор во палатата „Монеда“, каде после тоа ќе се одржи посета на учтивост на претседателот на државата, Мишел Бачелет. Од 10.30 часот папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија во Паркот О’ Хигинс, вториот најголем парк во државата – после градскиот парк Сантијаго – чиј капацитет е 600.000 луѓе. Попладне во 16 часот папата Фрањо ќе го посети женскиот затвор во Сантијаго, каде што ќе се сретне со 600 затворенички.
Посетата на Папата е долго очекувана од чилеанскиот народ, на кого Папата ќе му упати зборови на утеха и надеж.
РВ/к.мк