Папата Фрањо пристигна во Канада

Папата Фрањо пристигна во Канада

Папата Фрањо пристигна во Едмонтон, Канада, од каде започнува неговото 37. Апостолско патување во странство, како што го нарече „покајничко ходочастие“ со цел да придонесе за процесот на „исцелување и помирување со домородните народи во земјата. ”

Авионот на Папата слета во 11:09 часот по локално време на меѓународниот аеродром Едмонтон по повеќе од десет часа лет од Рим, каде што полета утрово по локално време.

Пристигнувањето на Папата и новинарите, кои беа со него на летот, беше проследено со краток пречек од граѓанските и верските власти, вклучително и канадскиот премиер Џастин Трудо и заменик гувернерката на Алберта, Салма Лахани.

Папата потоа замина во семинаријата Свети Јосиф каде ќе се одмори до крајот на денот по долгиот лет. Во понеделник наутро започнуваат неговите први јавни средби.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот