Втората етапа од 35. Aпостолско патување на папата Фрањо ќе опфати посети на главните градови Атина и Митилени на островот Лезбос.
Папата Фрањо пристигна во Грција, со што стана вториот Римски бискуп кој ја посети Атина по свети Иван Павле II. Папата Војтила ја посети Грција во мај 2001 година, со што стана првиот Папа што ја посети земјата по големиот раскол од 1054 година.
Приближно во 11.00 часот по локално време (10.00 часот по македонско време), специјален лет на грчката авиокомпанија Aegean од Никозија папата следта на меѓународниот аеродром во Атина, главниот град на Грција, кој стана 56. земја на папата Фрањо која ја посетува.
На аеродромот се одржа само официјална средба со присуство на министерот за надворешни работи, на која немало говори. Од аеродромот Светиот Отец замина во Претседателската палата, каде ќе се одржи официјална церемонија на пречек, куртоазна посета на шефот на државата, средба со премиерот и средба на владини претставници, дипломатскиот кор и граѓанското општество. .
Вреди да се спомене дека во април 2016 година, папата Фрањо го посети грчкиот остров Лезбос, во кој се наоѓаше еден од најголемите бегалски кампови во тоа време, кој се упати кон Европа по таканаречената „балканска рута“. Но, посетата во тоа време беше ограничена на средби со бегалците и оние кои им помагаат и се одржа заедно со поглаварите на православните цркви од Константинопол и Грција.
Ватикан њуз/к.мк