Папата Фрањо ја заврши својата посета на Мјанмар и замина со авион за Дака, главниот град на Бангладеш, каде што пристигна на 30 ноември 2017 година околу 10.00 часот според локално време.
На аеродрмот го пречекаа претседателот на Бангладеш, Абдул Хамид, заедно со неколку претставници на власта и бискупи. Светиот Отец по церемонијата за пречек го посети Националниот меморијален центар на мачениците во Савар, а потоа и меморијалниот музеј Бангабанду во Дака, каде оддаде почит на таткото на татковината и првиот претседател на Бангладеш шеикот Муџибур Рахман.
Папата пред своето заминување упати порака до мјанмарскиот претседател Хтин Кју изразувајќи ја својата благодарност за пречекот кое му го искажаа институциите и исто така се заблагодари на саканиот народ на Мјанмар за нивната топла прегратка. Папата Фрањо освен тоа пред своето патување во Бангладеш, на надбискупијата во Јангон подари статуа кој го прикажува свети Фрањо како разговара со двете птици – симбол на братството помеѓу човештвото и создаденото.
РВ/к.мк