По средбата со Папата, Жељко Комшиќ разговараше со надбискупот Пол Галагер, секретар за односи со државите. Ова е негова втора средба со Папата, по онаа одржана во февруари 2020 година.
Папата Фрањо на 17 јануари 2022 година во аудиенција го прими претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој подоцна се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.
За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат – како што се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – изразено е задоволство од постоечките добри билатерални односи, а станало збор и за приоритетите на Претседателството. Потоа, соговорниците се фокусираа на внатрешната реалност на земјата, повторувајќи ја потребата од унапредување на правната и социјалната еднаквост на сите граѓани кои припаѓаат на секој конститутивен народ. На крајот, се осврнаа на некои регионални прашања, вклучително и ситуацијата на Западен Балкан и проширувањето на Европската унија – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк