Папата Фрањо на крајот од молитвата Ангел Господов во недела 21 февруари 2021 година потсети на полската монахиња света Марија Фаустина Ковалска.
Драги браќа и сестри,
Упатувам срдечни поздрави до сите вас, Римјани и поклоници. Посебно ги поздравувам полските верници. Денес моите мисли се во светилиштето во Плоцк, Полска, каде што пред деведесет години Господ Исус се објави на света Фаустина Ковалска, доверувајќи ѝ посебна порака за Божјото милосрдие. Благодарение на свети Иван Павле II. таа порака се прошири низ целиот свет и никој друг, само Евангелието на Исус Христос, кој умре и воскресна, ни го дава милосрдието на Отецот. Да му ги отвориме срцата, говорејќи му со вера: „Исусе, се доверувам на тебе“.
Ватикан њуз/к.мк