Папата Фрањо на 14 октомври 2016 година ги посети децата кои живеат во „СОС- детско село“ во Рим. Станува збор за станбен комплекс каде персоналот на ценатрот се грижи за деца чија лична, семејна или социјална ситуација е исклучително тешка.
Посетата на Папата која беше изненадување е дел од иницијативата „Петок на милосрдеито:“ имено Светиот Отец прави конкретни деца на милосрдието еден петок секој месец во Годината на милосрдието.
За време на својата посета Папата го посети комплексот во чиј склоп има мал фудбалски терен и игралиште. Децата му ги покажаат своите соби како и играчките и Светиот Отец ги сослуша нивните лични приказни. Пред враќање во Ватикан, папата Фрањо ручаше заедно со децата.
СОС детското село се наоѓа во северозападниот дел на Рим и се состои од пет апартмани. Во секој од становите живеат најмногу шест деца помлади од 12 години заедно со претпоставен познат како СОС мајка. За децата во центарот членовите на персоналот се грижат како во вистинско семејство. Децата одат во училиште и локалната парохија, а исто така се занимаваат со спорт. Сите членови на перосоналот се грижат за децата повеќе години за со нив да создадат стабилен однос и да им помогнат со стекнувањето на потребната автономија како што растат.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк