На крајот од генералната аудиенција на 30 октомври 2024 година, папата Фрањо уште еднаш поттикна да молиме за мир, спомнувајќи ги сите области погодени од конфликти и насилство: Украина, Блискиот Исток, Мјанмар, Северен Киву. Осврнувајќи се на неодамнешните вести за војните, вклучително и вчерашните крвави напади во Појасот Газа, тој изрази болка поради смртта на малолетниците и цели семејства: „Војната се шири. Никој не победува, сите губат“.
По неодамнешните вести за војните, Папата упати повторно силен апел за мир.
Вчера видов дека 150 невини луѓе беа митралезирани. Каква врска имаат децата и семејствата со војната? Тие се првите жртви – рече папата Фрањо на крајот од генералната аудиенција одржана на плоштадот Свети Петар, последна во октомври.
Земји кои страдаат
Да молиме за мир, војната се шири – повика Папата на крајот од аудиенцијата, уште еднаш набројувајќи ги подрачјата во светот погодени од конфликти, за што минатата недела во своето пладневно обраќање повика да се почитуваат животот и достоинството на поединците и народите, како и интегритетот на цивилните структури и местата за богослужба, во согласност со меѓународното хуманитарно право.
Да мислиме на земјите кои многу страдаат: Украина, Палестина, Израел, Мјанмар, Северен Киву и многу земји кои се во војна.
Сите губат во војна
Да молиме за мир – повика Папата повторно. Трипати повтори на собраните верници на плоштадот, но и на поврзаните преку стриминг од целиот свет.
Да молиме за мир. Мирот е дар на Духот, а војната е секогаш, секогаш, секогаш пораз.
Во војна никој не победува, сите губат. Да молиме за мир, браќа и сестри… Да молиме за мир.
Ватикан њуз/к.мк