Папата Фрањо: Никогаш повеќе војна. Ве молам престанете!

По молитвата Ангел Господов во недела 27 јули папата Фрањо се спомна на почетокот на Првата светска војна, која зеде милони жртви.

Пренесуваме дел од говорот на Светиот Отец.

***********************************

Драги браќа и сестри

Утре се слави 100 годишнината од почнувањето на Првата светска војна која што предизвикала милиони жртви и масовно уништување. Тој конфликт кој папата Бенедикт XVI го нарече „бескорисно колење“ завршен е после четири долги години со мир кој се покажал многу кревок. Утре ќе биде ден на жалост во спомен на тој драматичен настан. Сеќавајќи се на тој трагичен настан сакам никогаш да не се повторат грешките од минатото, туку да се има пред очи лекцијата од минатото. Потребно е да работиме на тоа секогаш да превладеат причините за мирот низ еден трпелив и храбар дијалог.

Денес посебно ми се во мислите трите кризни подрачја: Блискиот Исток, Ирак и Украина. Ве молам да продолжете заедно со мене да молите за Господ да им ја подели на населението и на властите на тие подрачја потребната мудрост и сила за одлучно да чекорат по патот на мирот, решавајќи ги сите спорни прашања со упорност во дијалогот и преговори и силата на помирувањето. Нека во центарот на секоја одлука не се ставаат поединечните интереси, туку општото добро и почитувањето на секој човек. Да запаметиме дека сѐ се губи со војната, а ништо не се губи со мирот.

Драги браќа и сестри никогаш повеќе војна! Никогаш повеќе војна! Во мислите пред се ми се децата на кои им се одземена надежта за достинствен живот, во иднината: мртви деца, ранети деца, осакатени деца, деца сирачиња, деца кои ги имаат за играчки остатоците од оружјето, деца кои не знаат да се смеат. Престанете, ве молам! Ве молат за тоа со целото срце. Време е да престанете! Престанете, ве молам!

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот