Папата Фрањо: Не плашете се да ја сузбивате корупцијата

Папата Фрањо: Не плашете се да ја сузбивате корупцијата

Вие сте надежта на Бразил и целиот свет, не плашете се да ја сузбивате корупцијата – напиша папата Фрањо во пораката испратена до младите во Бразил, кои учествуваат во проектот „Рота 300“, кој во оваа маријанска година, го поттикна бискупската конференција и латиноамериканските земји по повод 300 години од објавувањето на Богородица од Апарецида.

Светиот Отец потсетувајќи најпрво на неговата порака за 32. Светски ден на млади, кој ќе се одржи во Панама од 22-27 јануари 2017 година, им се заблагодари на младите за нивното големо сведоштво на верата, за восхитеноста со кој се соочуваат во секојдневните предизвици и ги охрабри да одат напред по мисионерскиот пат, под заштита на Марија која влева надеж на целиот бразилски народ. Драги пријатели, во секојдневните неизвесности и несигурности, нестабилноста создадена од неправдите околу вас, имате една сигурност: Марија е знак на надежта која ќе ве поттикне на голем мисионерски жар – напиша Папата и додаде: Таа ги знае предизвиците во кои живеете. Со своето внимание и мајчинската грижа ќе ви помогне да сфатите дека не сте сами.

Папата Фрањо потоа повторно потсети на настанот со сиромашните рибари, кои после неуспешниот ден за риболов на реката Параиба до Сул, повторно ги фрлиле мрежите во вода и на гоелмо изненадување ја извадиле статуата на Пресвета Богородица, покриена со кал; најпрво го најделе телото, а потоа и главата. Тој настан е симболичен – напиша Папата и објасни: Она што било раздвоено, повторно е соединето, како и срцата на тие рибари, како колонијалниот Бразил, уништен од ропството, но кој го пронајде своето единство во верата, која ја вдахна црното лице на Нашата Богородица – истакна Папапта, спомнувајќи се на својот говор до бразилските епископи во 2013 година.

Потоа Папата ги поттикна младите во Бразил да дозволат да ги преобрази средбата со Мајката од Апарецида. Нека ‘мрежите’ на вашиот живот, мрежите на пријателите, социјалните мрежи, материјалните и виртуелните мрежи – како и реалностите кои се често раздвоени, да ги претвори во нешто поважно; нека станат заедница! Мисионерска заедница ‘на излегување’! Заедница која е светло и квасец за поправедно и братско општество – посака Папата.

Спомнувајќи на својата порака до учесниците на овогодинешното собрание на Советот на бискупски конференции на Латинска Америка, папата Фрањо ги поттикна младите да не се плашат да ризикуваат и да се заземат за изградба на ново општество, проникнувајќи со силата на Евангелието во општествените, политичките, економските и универзитетските средини! Не плашете се да ја сузбивате корупцијата и не дозволувајте таа да ве заведе! Надевајте се на Господ, чија присутност е извор на изобилен живот и под заштитата на Марија, можете повторно да ја откриете креативноста и силата за да бидете протагонисти во културата на единство и да така да се обликуваат нови примери кои ќе го водат животото во Бразил.

Пораката на Папата завршува со повикот: Богордица, која во младоста знаела храбро да го прифати Божјиот повик во својот живот и да оди во пресрет на оние во потреба, нека оди и пред вас, водејќи ве на вашите патишта.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот