Во пораката за овогодинешниот Светски ден на молитва за зачувување на созданието, папата Фрањо меѓу другото повикува да се стави крај на фосилното доба
Папата Фрањо повика на конкретни чекори за ставање крај на производството на електрична енергија од јаглен и гас. На климатската конференција на ОН во Дубаи во декември, политичарите мора да „иницираат брз и праведен пресврт за да се стави крај на ерата на фосилните горива“, се вели во пораката на Папата за претстојниот Светски ден на молитва на Црквата за зачувување на созданието, кој се одбележува на 1 септември.
„Економската политика која промовира скандалозно богатство за малкумина привилегирани и полоши услови за многу други значи крај на мирот и правдата“, пишува Папата. Тој исто така повикува на промена во односот кон природата и личниот начин на живот. Поединците мора да избегнуваат отпад и непотребна потрошувачка и да живеат поодржливо.
„Да го слушнеме повикот и да застанеме со жртвите на еколошката и климатската неправда и да ставиме крај на оваа бесмислена војна против созданието“, предупредува Папата. Тој, исто така, потсетува на предупредувањата на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), според кои „само итна акција во корист на климата може да обезбеди дека ќе продолжиме да имаме можност да создадеме поодржлив и поправеден свет“. Луѓето треба да си подадат рака еден до друг, истакнува папата Фрањо: „Да преземеме храбри чекори како целио свет би бил опфатен со правда и мир“.
„Да дозволиме да течат правдата и мирот
Мотото на овогодинешниот Светски ден на молитва е „Да дозволиме да течат правдата и мирот“. Во својата порака, Светиот Отец исто така ја поврзува метафората на водата со Светската синода во октомври 2023 и октомври 2024 година во Ватикан, која ќе се занимава со прашањето како Католичката црква ќе се советува и ќе носи одлуки во иднина. Покрај Папата и епископите и Божјиот народ треба да биде повеќе вклучен.
Како што една река се напојува од неколку притоки, така и Црквата е заедница составена од бројни локални цркви, верски заедници и здруженија, пишува Папата. На Синодата сите се повикани „да течеме заедно во големата река на размислување и обнова“.
Светиот Отец го воспостави Денот на молитвата за зачувување на созданието во 2015 година по објавувањето на неговата еколошка и социјална енциклика „Лаудато си“. Со тоа се приклучи на иницијативата на православниот вселенски патријарх од Цариград, кој го иницираше овој ден на молитвата во 1989 година.
Ватикан њуз/к.мк