Сите ве повикувам да гледате во тоа Срце и да ги имитираат Неговите вистински чувства
Оваа последна Генерална аудиенција пред летната пауза се одржува во две групи – рече Папата и после катехезата објасни: Едната група сте вие, кои сте на плоштадот Свети Петар, а другата се болните кои се наоѓаат во салата Павле VI и не следат преку големиот екран, затоа што е многу жешко и подобро е болните да бидат под сенка. Имено пред самиот почеток на Генералната аудиенција Папата ги поздрави болните и им го подели апостолскиот благослов.
Поздравувајќи ги верниците и поклониците, посебно младите, старите, болните и младенците, Светиот Отец после катехезата сите ги потсети дека во петок го славиме празникот Пресвето Срце Исусово. Сите ве повикувам да гледате во тоа Срце, да ги имитираат Неговоите вистински чувства. Молете се за свештениците и за мојата служба како пасторалното ангажирање би се темелело на Христовата љубов која ја има кон секој човек – рече папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција.
Ватикан њуз/к.мк