Папата Фрањо на сиромашните и бездомниците во Рим им нуди бесплатно тестирање од коронавирус во склоп на активностите за Светскиот ден на сиромашни.
Брисевите се земаат во клиниката близу до плоштадот Свети Петар која Папата ја воспостави пред неколку години за давање основни медицински услуги на сиромашните, вклучувајќи ги и бездомниците во околината на Ватикан.
Надбискупот Рино Физикела на конференција за новинарите на 12 ноември истакна дека дневно се прават околу 50 тестирања дневно и дека таа иницијатива ќе продолжи. Оние кои ќе бидат негативно ќе добијат потврда за сместување во прифатилиштето, а позитивните ќе бидат препраќани на понатамошно лекување. Многу бездомници во Италија се странци кои немаат свој семеен лекар, како и Италијанци кои станале бездомници поради економски проблеми и често се срамат да се обратат на своите семејни лекари.
Светски ден на сиромашните
Папата Фрањо го воспостави Светскиот ден на сиромашни пред четири години како би го свртел вниманието за нивните потреби, посебно во развиените земји. Светскиот ден на сиромашните се одбележува оваа недела.
Во изминатите години папата Фрањо служеше света Литургија со илјадници сиромашни во базиликата Свети Петар, а после тоа следуваше заеднички ручек за околу 1500 бездомни лица. Оваа година само околу 100 сиромашни ќе можат да присуствуваат на светата Литургија поради ограничувањата воведени за пандемијата.
Оваа година ручекот е откажан, но ќе се достават околу 5.000 пакети со храна за сиромашните семејства, вклучувајќи 2,5 тона тестенини, кои ги донира една италијанска прехранбена компанија. Повеќе од 350.000 маски ќе се поделат на учениците во посиромашните населби во Рим.
Ватикан њуз/к.мк