Папата Фрањо на Американските гробишта: Никогаш повеќе војна!

Папата Фрањо на Американските гробишта: Никогаш повеќе војна!

Никогаш повеќе војна! – повтори папата Фрањо за време на светата Литургија за Задушница, која ја служеше на 2 ноември, на американските гробишта во населбата Нетун недалеку од Рим, каде се закопани остатоци на 7860 американски војници, кои загинале во Втората светска војна.

Светиот Отец пред самата света Литургија помина некое време молејќи се за сите загинати во војните, а во својата проповед го потсети човештвото да не ги заборави минатати лекции, предупредувајќи дека единствениот плод на конфликтот е смртта.

Папата размислуваше за надежта дека ќе го сретнеме Бог и нашите браќа и сестри, за надежта која според зборовите на апостолот Павле, никогаш не разочарува. Никогаш повеќе војна, никогаш повеќе тој бесмислен колеж – продолжи папата Фрањо, цитирајќи го својот претходник Бенедикт XV, кој ги кажал тие зборови гледајќи ги ужасите од Првата светска војна. Упатувајќи го својот поглед на гробовите, Светиот Отец истакна: Војната згасна илјадници млади животи како и нивната надеж.

Никогаш повеќе, Господи! – продолжи Папата. Тоа мораме да го кажеме и денес кога се молиме за своите покојни, но на ова место на посебен начин се молиме за овие млади луѓе. Денес светот уште еднаш е во војна и се подготвува посилно да води војна. Никогаш повеќе, Господи. Никогаш повеќе. Со војната се губи сѐ! – предупреди Светиот Отец.

Папата се присети на сликата на една старица која во урнатините во Хирошима рече дека луѓето прават сѐ за да објават и да водат војна и на крајот самите себе се уништуваат. Тоа е војната, тоа е уништување на нас самите – истакна папата Фрањо. Човештвото очигледно таа лекција не ја научило или не сака да ја научи, но токму на денешен ден, тоа не смее да ги заборави солзите на жените на кои по пат на писма им е соопштена јуначката смрт на љубениот маж или син.

Колку пати во историјата луѓето размислувале за тоа како да водат војна, уверни дека придонесуваат за нов свет, пролет, но сето тоа завршува остро, со сурова зима, со владеење на теророт и смртта – предупреди Светиот Отец. Да се помолиме – продолжи Папата – на посебен начин за оние млади кои се зафатени од конфликтот, а од кои многумина секојдневно умираат во ова војна во делови. Спомна исто така илјадници невини деца кои исто така ја плаќаат цената на војната. Тоа е „плодот“ на војната: смртта – истакна папата Фрањо и заврши: Нека Бог ни ја даде  милоста да плачеме.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот