Папата на крајот од неделната света Литургија ја молеше молитвата Ангел Господов и ги упати своите последни зборови во Јужен Судан, изразувајќи благодарност за топлото добредојде што го доби, упатувајќи молитва за надеж и мир.
Во својот последен говор на крајот на неделната света Литургија, папата Фрањо изрази благодарност за топлото добредојде што го доби и за сите напори што се вложија за да се овозможи неговата посета.
Тој им се заблагодари на народот на Јужен Судан не само за нивната посветеност кон него лично, „туку и за вашата вера и трпение, за доброто што го правите и тешкотиите што доброволно му ги нудите на Бога без да се обесхрабрите, но продолжувате да одите напред“.
Надежта е дар кој треба да се сподели
Нагласувајќи го блиското единство меѓу христијанските заедници во земјата, Папата потсети на зборовите на надбискупот од Кентербери кои ги кажа за Света Жозефина Бахита, „голема жена која со милоста Божја ги претвори во надеж сите страдања што ги претрпе“.
Надежта, рече Папата, „е збор што би го оставил на секој од вас, како подарок за споделување, семе кое ќе вроди со плод“. Римскиот бискуп рече дека жените „посебно овде се знак на надеж“, заблагодарувајќи и благословајќи ги сите жени во земјата.
Патување до мирот
Светиот Отец потоа истакна уште еден збор „кој одекнува деновиве […] и во деновите што доаѓаат: мир.
Папата понатаму рече дека, заедно со надбискупот Велби и Гриншилдс, кои со него беа на ова екуемнско патување, ќе продолжат да го придружуваат народот на Јужен Судан и ќе направат се што можат за да помогнат на патот до траен мир.
Надежта и мирот нека живеат во Јужен Судан
„Би сакал да го доверам патот на помирувањето и мирот на друга жена“, рече Светиот Отец, „најголема и во исто време најмала, највозвишена, а сепак најблиска до секој од нас“: Пресвета Богородица. .
„Сега да ѝ се помолиме“, продолжи тој, „ѝ го доверувам мирот во Јужен Судан и на целиот африкански континент, каде што толку многу наши браќа и сестри по вера доживуваат прогонство и опасност, каде што голем број луѓе страдаат од експлоатација, конфликти, злоупотреба и сиромаштво“, потсетувајќи посебно на војната во Украина, Папата и го довери на Марија мирот во таа земја и во целиот свет.
Светиот Отец го увери народот на Јужен Судан дека ќе му биде уште поблизок на срцето кога ќе се врати во Рим, завршувајќи ја својата порака со зборови на охрабрување: Никогаш не губете надеж! И не ја пропуштајте можноста за изградба на мир“.
„Меѓу вас нека живее надежта и мирот. Нека надежта и мирот живеат во Јужен Судан!“
Ватикан њуз/к.мк