Папата Фрањо упати честитка до монсињор Стојанов по повод 25 – годишниот бискупски јубилеј
Апостолскиот нунциј во Македонија, Н.Е. монс. Лучано Суријани, придружуван од првиот советник во нунцијатурата монс. Џорџо Кеца, на 1 мај 2024 година во бискупската резиденција на Водно лично му ја предаде честитката од папата Фрањо на монсињор Киро Стојанов по повод неговиот 25-годишен јубилеј од хиротонијата. Честитката ја пренесуваме во целост.
До Преподобниот брат Кирo Стојанов
Ординариј на Скопска бискупија
и епископ на Струмичко – скопската епархија Успение на Пресвета Богородица
Наполнуваш дваесет и пет години од твојата епископска хиротонија. Ви го честитаме овој јубилеј и пастирската служба која грижливо ја извршуваше. Тоа всушност е служба на постојано проповедање на Евангелието и посветено толкување на христијанската вистина. Преку застапништво на Пресвета Богородица, која се вознесе на небо, Го молиме Господа за ведрина на духот и добро здравје. Исто така упатуваме благослов до Тебе и твоето стадо, со понизна молба да упатувате молитви, па така – зајакнати со верата, надежта и љубовта – посветено да ја извршуваме петровата служба.
Фрањо
Дадено во Рим, од базиликата Свети Иван Латерански, на 19 април 2024 година
25 – годишнина од хиротонијата на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов