Папата Фрањо моли за прогонетите христијани

Папата Фрањо молеше за прогонетите христијани во Сирија, Ирак и во целиот свет, на последниот ден од духовните вежби во постот во местото Аричи.

Молете за христијаните прогонети во Сирија, во Ирак и во целиот свет – со таа накана папата Фрањо на 27 февруари, на денот кога завршија духовните вежби во постот, служеше света Литургија во местото Аричи. Папата доцна попладне се врати во Ватикан, откако минатата недела ја помина во размислување, заедно со своите соработници од Куријата, слушајќи ги размислувањата на кармелиќанецот патер Бруно Секондин.

И во оазата на умот и душата какви што можат да бидат деновите поминати на духовни вежби, драмата на мачените и убиени христијани најмногу на сириско-ирачкото подрачје се голем товар на срцето на Папата. Си спомна за сите на Литургијата со која ја заврши седмицата помината во размислување за животот на пророкот Илија.

Приказната за Илија беше „нова тема“ на духовните вежби за Куријата заради тоа ја избрав – објасни патер Бруно Секондин и додека дека Илија е пророк кој е во движење; оди до Синај и до Либанон, затоа ми изгледаше соодветен за овој наш момент и за ова папство. Сцените од животот на Илија – додаде кармелиќанецот – покажуваат што значи за некој човек да го сретнеш Бог и потполно да го превртеш сопствениот начин на сфаќање на животот.

Илија се наоѓа во ситуација во која треба да ги штити сиромашните од профитери. Преку срцето кое Бог му го преобразил, станал подготвен на солидарност, на заземање за праведноста – рече патер Бруно. Во последната сцена го гледаме опкружен со групи на ученици кои се нарекуваат „деца на пророкот“, а тој – храбар, но груб човек – сега е потопен во атмосферата на братството.

Кога се вознесол на небото Илија ја фрла својата наметка на ученикот Елисеј, кој се враќа кај останатите ученици. Тие во него го препознаваат духот на пророкот Илија; заради тоа не може да се дозволи наметката да падне; секогаш треба да се подигне, да се отворат нови патишта, да се стави пред вистината за нас самите и за Бог, пред предизвиците на неправедните манипулации и товарот на сиромашните за повторно да создаваме патишта на братство – истакна патер Бруно Секондин.

Тој е повикот кој што папата Фрањо го прифати, како наметката, заблагодарувајќи се на кармелиќанецот. Нека Господ даде да расте семето кое ни го даде; освен тоа на сите ви посакувам да си заминеме одовде со дел од наметката на Илија во рацете и во срцето – рече папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот