Папата Фрањо молеше на гробот на папата Павле VI

Папата Фрањо молеше на гробот на папата Павле VI

Во недела 6 август 2017 година папата Фрањо се помоли на гробот на блажениот папа Павле VI, на 39-годишнината од неговата смрт. Блажниот папа Павле VI е погребан во Ватикан, во криптата на базиликата Свети Петар.

На 19 октомври 2014 година папата Фрањо го прогласи за блажен, а неговиот литургиски празник се слави на денот на неговото раѓање (26 септември).

Џовани Батиста Енрико Антонио Марија Монтини е роден во 1897 година, за Папа е избран на 21 јуни 1963 година, а почина 6 август 1978 година.

Тој го затвори Вториот Ватикански собор, кој беше свикан од папата свети Иван XXIII и продолжи по патот на реформи во Црквата. Исто така активно се заземаше за подобрување на екуменските односи со православните и протестантските христијани.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот