„Мирот, толку посакуван“, кој се раѓа од милосрдието, е светлината што го осветлува патот во Великиот пост и ги отвора срцата за „нови братски односи“. Оваа желба папата Фрањо ја изрази во својата порака до учесниците на 35. Курс за Foro interno (судот на совеста), организиран од Апостолската покорничарница.
„Мирот, толку посакуван“, кој се раѓа од милосрдието, е светлината што го осветлува патот во Великиот пост и ги отвора срцата за „нови братски односи“. Оваа желба папата Фрањо ја изрази во својата порака до учесниците на 35. Курс Foro interno (суд на совеста), организиран од Апостолската покорничарница. Петдневната средба, која завршува денеска, 28 март 2025 година, се одржува во римската базилика „Свети Ловр“. Курсот е првенствено наменет за свештеници и кандидати кои се подготвуваат за светата тајна Свештеничко ракополагање.
Литургиското време што му претходи на Велигден е период на „преобраќање“, „покајание“ и „прифаќање“. Прифаќањето, нагласува папата Фрањо, вклучува и милосрдие, чиешто славење претставува вистинска „привилегија“. „Бог со својата благодат нè направи слуги на милосрдието, дар што го прифаќаме затоа што ние самите, како и секогаш, бевме предмет на неговото простување“, заклучува папата Фрањо.
Истовремено нè повикува да бидеме „луѓе на молитвата“, бидејќи токму во молитвата лежи „коренот“ на секое „служење“. Тоа е задача која носи голема одговорност, бидејќи го продолжува „делото на Исус“, Кој – како што потсетува Папата, цитирајќи го Ивановото евангелие – „продолжува и секогаш повторува: „И јас не те осудувам, оди и повеќе не греши““.
Тој збор е „ослободителен“, а папата Фрањо сака да одекне со посебен жар во оваа Јубилејна година: „За обновување на срцата, што доаѓа од помирувањето со Бога и отвора нови братски односи. И мирот, толку сакан се раѓа од милосрдието, како и надежта која никогаш не разочарува.“
Папата Фрањо ја завршува својата порака со благослов и заблагодарување на учесниците за нивната „непроценлива сакраментална служба“.
Ватикан њуз/к.мк