Во пораката по повод 30 години добротворни концерти под наслов „Повик на добрината“ во корист на делувањето на Словенскиот Каритас, папата Фрањо им посака тие иницијативи да ја покажуваат меѓусебната хармонија на единството меѓу нив. Не би смееле да бидеме секташи или членови на партија, туку само едно, секој со својата харизма, но секогаш во единство.
Папата Фрањо испрати порака до организаторите на добротворните концерти во корист на Каритас Словенија под наслов „Повик на добрината“ по повод 30 годишнината од таа културна и добротворна иницијатива која традиционално се одржува еден месец пред Божиќ. Им се заблагодарувам за сè што прават за Каритас. Папата моли за тоа овогодинешниот „Повик на добрината“ да биде чекор напред, но и – како што пишува, чекор напред кон единственото на Цркваа и вашиот народ.
Триесет години! Треба за тоа да се има трпение – стои потоа во пораката, се молам за вас и ви посакувам успешен концерт. Каде нема единство – додаде Папата, Го нема Господовиот Дух. Господ секогаш го бара единството што не значи едноличност. Секој има свои квалитети, своја харизма, своја личност, но секогаш во единство, со Духот на единството. Не би смееле да бидеме секташи, еден против друг; не би смееле да бидеме „партиски“ луѓе. Не, само едно – предупредува папата Фрањо и моли на крајот за Божји благослов, посакува тој концерт да биде токму хармонија на единството меѓу нив.
Ватикан њуз/к.мк