Папата Фрањо и римскиот рабин разменија празнични честитки

Папата Фрањо и римскиот рабин разменија празнични честитки

По повод претстојните празници, еврејската Пасха и христијанскиот Велигден, папата Фрањо и главниот римски рабин Рикардо Ди Сегни разменија честитки. До Неговата  Светост папата Фрањо – пишува Ди Сегни – по повод претстојните велигденски празници, кои и оваа година се совпааѓаат на ист датум, примете срдечни желби за мирност, радости и мир.

Папата пак во својата честика до рабинот Ди Сегни напиша дека по повод блискиот празник Пасха, најсрдечни честитки изразува до него и римската еврејска заедница. Семоќниот Бог со својата добрина нека го благослови и придружува чекорењето на саканиот еврејски народ – напиша Папата. Додека гарантирам дека ќе се спомнам за вас, ве молам и вие да молите за мене. Севишниот нека даде сѐ повеќе да растеме во пријателство, и заедно да бидеме сведоци на мирот и слогата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот