Папата Фрањо испрати 15.000 сладоледи на затворениците во Рим

Папата Фрањо испрати 15.000 сладоледи на затворениците во Рим

Папските добротворни здруженија се ватиканскиот одел за добротворна работа во име на Папата, а во текот на летото сакаа да понудат „мал евангелски гест за да помогнат и да подарат надеж на илјадници римски затвореници.“

Папата Фрањо испрати 15.000 сладоледи на затворениците во Рим во текот на летните горештини, објави Ватикан во вторникот.

Сладоледите во затворите „Regina Coeli“ и „Rebibbia“ ги достави кардиналот Конрад Крајевски, пишува CNA.

Папските добротворни здруженија се ватиканскиот одел за добротворна работа во име на Папата, а во текот на летото сакаа да понудат „мал евангелски гест за да помогнат и да подарат надеж на илјадници римски затвореници.“

Кога добротворните здруженија во Рим во летните месеци се принудени да ги ограничат своите активности, оваа ватиканска канцеларија посебно им помага на оние во потреба.

На тој начин секоја година мали групи бездомници или жители на домови се испраќаат на излет на море или езеро, во близина на Кастел Гандолфо, на ден за опуштање и вечера во пицерија.

Папската добротворна канцеларија исто така ја надгледува грижата за медицинската опрема и лековите кои се испраќаат на земјите во развој.

Папата Фрањо ги изми нозете на затворениците во затворот „Rebibbia“ на Велики четврток 2015 година, како и на затворениците во затворот „Regina Coeli“ во 2018 година.

Во јуни оваа година, Папата прими група од дваесетина затвореници од „Rebibbia“, затвор сместен во источното предградие на Рим.

Во нивно друштво беше и директорот на затворот, капеланот во затворот и службеници. По средбата затворениците ги посетија Ватиканските музеи, кои повторно се отворени во мај.

Ова лето е едно од најтоплите некогаш забележани во Италија. На Сицилија на 11 август е регистрирана температура од 48.8 целзиусови степени веројатно највисока некогаш забележана во Европа.

Монсињор Крајевски со прекар „Папскиот Робин Худ“, именуван е за кардинал во 2018 година, а како шеф на Папската канцеларија за добротворна работа служи од 2013 година.

ЦНА/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот