Канцеларијата за печат на Светиот Престол во сабота 23 ноември 2024 година ја најави еднодневната посета на Папата на Корзика, каде што во организација на бискупијата Ајачио се одржува конгрес на тема „Народната побожност на Медитеранот“, на која ќе учествуваат италијански, француски и шпански бискупи. Папата ќе претседава со завршната седница, а потоа ќе се сретне со свештенството и ќе отслужи света Литургија во катедралата. На аеродромот ќе биде пречекан од претседателот Макрон.
Два дена пред својот 88-ми роденден, нешто повеќе од една недела пред божиќните славења и почетокот на јубилејот, папата Фрањо годинава ќе ја заврши со патување на Корзика кое ќе трае околу дванаесет часа. Тој ќе биде прв Папа кој го посетил островот, четврти по големина во Медитеранот по Сицилија, Сардинија и Кипар, родното место на Наполеон и место со природна убавина што вклучува шуми, плажи и планини. Посетата – која веќе ја најавија медиумите од француското говорно подрачје и самиот бискуп на главниот град Ајачио, кардиналот Франсоа-Ксавиер Бустиљо, ја потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Прифаќајќи ја поканата на граѓанските и црковните власти во земјата, папата Фрањо на 15 декември ќе замине на апостолско патување во Ајачио, по повод завршувањето на конгресот „Народната побожност на Медитеранот“, (La religiosité populaire en Méditerranée).
Програма за посетата на Корзика
Папата Фрањо, според објавената програма, ќе учествува на завршната сесија на конференцијата. Поточно, Папата ќе го напушти аеродромот Рим-Фјумичино во 7 часот и 45 минути, а во 9 часот ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Ајачио, каде ќе биде организиран официјален пречек. Потоа во 10:15 часот ќе биде во „Palais des Congrès et d’Exposition d’Ajaccio“каде ќе одржи говор на конгресот. Околу еден час подоцна, Папата ќе појде во катедралата „Пресвета Богородица вознесена на небо“, каде ќе се сретне со епископи, свештеници, ѓакони, посветени лица и семинаристи и со нив ќе ја моли молитвата Ангел Господов. Во таа прилика се очекува Папата да одржи говор.
Попладне, во 15 часот и 30 минути, ќе Папата ќе служи света Литургија на Плоштадот Аустерлиц, во големиот парк наречен „У Касон“ во спомен на старата зграда, местото каде што, според традицијата, Наполеон одел како дете. Веднаш на Плоштадот Аустерлиц стои голема статуа посветена на Бонапарта. По евхаристиското славење, во 17 часот и 30 минути ќе следи средба на Папата со францускиот претседател Емануел Макрон на аеродромот во Ајачио. По завршувањето на прошталната церемонија, планирано е полетување за Рим во 18 часот и 15 минути и слетување на аеродромот Фиумичино во Рим во 19 часот и 55 минути.
Лого и мото
Бискупот од Ајачио, кардиналот Франсоа-Ксавиер Бустиљо, одржа прес-конференција во четврток, на 21 ноември, на која, во очекување на официјална потврда за патувањето, го покажа логото на патувањето наречено „Папата Фрањо во Корзика“ со датум 15 декември 2024 година.
Заднината на логото е целосно зелено-сина и го претставува морето, а Корзика е стилизирана во сини вертикални линии во горниот лев агол. Највисоката линија завршува во облик на крст и на тој начин ја симболизира верата во Христа, а е поврзана со жолтата линија која се спушта одозгора, како алузија на Светиот Дух. Десно од стилизираниот остров, можете да ги видите, во истата жолта боја, бојата на светлината и Светиот Престол со наслов на корзикански јазик „Папата Фрањо во Корзика“ и долу, со бело, мотото на апостолскиот патување „Исус одеше вршејќи добри дела“ (Дела 10.38). Овие зборови се од Делата светите Апостоли, кои, применети на настанот, потсетуваат дека Папата ја посетува Црквата на Корзика како пастир кој минува меѓу својот народ. Во долниот дел, во иста сина боја како стилизираниот остров, е претставена Богородица, царица на Корзика, која е прикажана од половина нагоре, а со лицето и рацете свртени нагоре.
Ватикан њуз/к.мк