Папата Фрањо до младите: Станете и сведочете за радоста во Христа

Папата Фрањо до младите: Станете и сведочете за радоста во Христа

Во пораката за Светскиот ден на младите, кој ќе се прослави на епархиско ниво на 21 ноември 2021 година, папата Фрањо потсетува дека „кога ќе падне еден млад човек, во извесна смисла паѓа човештвото“, но ако стане, тогаш станува и светот. Затоа, „стани“ е поттикот на Исус до Павле, но и покана да се излезе од слепилото за да се открие повторно автентичноста преку Христа.

Уште еднаш, би сакал „да ве фатам за рака“: ова е првата реченица, која папата Фрањо ја напиша во пораката за Светскиот ден на млади, кој ќе се прослави на епархиско ниво на 21 ноември 2021 година, фокусирајќи се на темата:„Стани! Ве повикувам да бидете сведоци на она што го видовте“. Како татко, Папата застанува покрај младите луѓе за да ги придружува на Светскиот ден младите во Лисабон во 2023 година на тема: „Марија стана и отиде брзо“. Тој ги повикува да размислуваат за преобраќањето на Павле на патот кон Дамаск, „Воскресението“ кое го понуди Исус и до денес е покана пожива од кога било.

Посланието на сведоците на светлината

На последните страници од текстот Светиот Отец го моли секој млад човек да не се „кпокајува“ затоа што има послание кое треба да го исполни, станувајќи сведок на она што живее во секое срце: бегството од Бога, препознавањето на „пламениот оган“ е нешто посилно од нас, чувството дека сте син на еден татко и затоа сте мали, отворајќи се за сосема нова перспектива.

„Стани и сведочи за твоето искуство како слеп човек кој ја сретнал светлината, ја видел Божјата добрина и убавина во себе, во другите и во заедништвото на Црквата, која ја победува секоја осаменост.

Стани и сведочи за љубовта и почитта кои можат да се воспостават во односите меѓу луѓето, во семејниот живот, во дијалогот помеѓу родителите и децата, меѓу младите и старите.

Стани и брани ја социјалната правда, вистината и правдата, човековите права, прогонетите, сиромашните и ранливите, оние кои немаат глас во општеството, мигрантите.

Стани и биди сведок на новиот поглед што те тера да го гледате созданието со очи полни со восхит, те тера да ја препознаете Земјата како наш заеднички дом и ти дава храброст да ја заштитуваш целосната екологија.

Стани и сведочи дека пропаднатиот живот може да се поврати, дека луѓето кои веќе се мртви во духот можат да воскреснат, дека поробените можат повторно да бидат слободни, дека срцата оптоварени со тага можат да најдат надеж.

Стани и со радост сведочи дека Христос е жив! Ширете ја неговата порака за љубов и спасение со вашите врсници, на училиште, на универзитет, на работа, во дигиталниот свет, насекаде.

Пандемијата, болката и солидарноста на младите луѓе

Во својата порака, папата Фрањо потсетува на последиците од пандемијата, страдањата и изолацијата. „Се пронајдовте“, пишува тој, „во тешките ситуации со кои не сте навикнати да управувате“. Оние кои беа помалку подготвени и без поддршка се чувствуваа дезориентирани. Во многу случаи, се појавија семејни проблеми, како и невработеност, депресија, осаменост и зависности. Да не зборуваме за насобраниот стрес, напнатоста и изливите на гнев, зголемувањето на насилството.”, Бранејќи ја слободата и правдата, бевте миротворци и градители на мостови”.

„Кога ќе падне млад човек, во извесна смисла, паѓа човештвото. Но, исто така е вистина дека кога ќе стане младиот човек, како да застанува целиот свет. Драги млади луѓе, колкав голем потенцијал има во вашите раце! “

Во ерата на интернетот, не секој го познава Исус

Размислувањето на Папата започна со преобраќање на Савле, кој беше ослепен на патот кон Дамаск. Исус го нарекува по име затоа што знае кој е, ја знае омразата што ја има кон христијаните, но Господ сака да ја открие својата милост. „Токму оваа благодат, оваа незаслужена и безусловна љубов, светлината, радикално ќе го промени животот на Савле, пишува Папата. Кога си го слушна името, тој прашува: „Кој си ти, Господине?” Прашање кое сите сме повикани да си го поставиме. „Не е доволно да сте слушнале за Христа од другите, треба лично да разговарате со Него. На крајот на краиштата, тоа е молитва. Не можеме да земеме здраво за готово дека сите го познаваат Исус, дури и во ерата на интернетот“.

Исус е Црквата

Како одговор, „Јас сум Исус, Кого Го гониш ти!“, Тој се поистоветува со Црквата, со христијаните, а сепак често може да се слушне: „Исус да, Црква не“, како едното да може да биде алтернатива за другото „Како може да се познава Исус“, нагласи Папата, „ако не преку браќата и сестрите во неговата заедница“. Не можеме да кажеме дека сме целосно христијани, ако не живееме во црковната димензија на верата“.

Секогаш можете да почнете од почеток

Савле добива „слаткото укорување“ од Исус, кој го чека неговото враќање. „Има запален оган во сечие срце: дури и ако се обидеме да го ограничиме, не можеме, бидејќи е посилен од нас“,дури и ако изгледаме непоправливи.

Преку лична средба со Него, секогаш е можно да се започне одново. Ниту еден млад човек не е надвор од опсегот на Божјата благодат и милост. За никого не можеме да кажеме: премногу е далечен … доцна е … Колку многу млади луѓе имаат храборст да се спротивстават и да застанат против струјата, но во срцето ја скриле потребата да се ангажираат, да сакаат со сите сили, да се идентификуваат со посланието!

Да бидеме мали

Преминот што се отвора во срцето води кон откривање на самите себе дека сме изгубени, кревки, мали. „Оваа понизност – свесноста за сопствените ограничувања – е од суштинско значење! Оние кои мислат дека знаат сѐ за себе, за другите, па дури и за верските вистини, тешко можат да го сретнат Христа“. Савле е заслепен, започнува вистински да гледа и ќе избере да се вика „Павле“, што значи „мал“, но папата Фрањо нагласува, ова не е „псевдоним“ или „уметничко име“, ова е свесност за промената, за новата перспектива.

Во денешно време, многу „приказни“ ги обликуваат нашите денови, особено на социјалните мрежи, често вешто конструирани со многу декори, камери, со различно потекло. Рефлекторите под светлата сѐ повеќе се бараат, мудро насочени да им покажат на „пријателите“ и следбениците слика за себе, која понекогаш не ја одразува нивната вистина. Христос, меридијанската светлина, доаѓа да нѐ просветли и да ни ја врати автентичноста, ослободувајќи нѐ од сите маски. Тој јасно ни покажува кавки сме затоа што нѐ сака такви какви што сме.

Пазете се од насилство

Папата е многу загрижен за слепилото на толку многу млади луѓе, за темнината што ги киднапира и ги прави насилни кон себе и кон другите, затоа што се затвореници на „деструктивни идеологии“.

Колку млади луѓе денес, можеби водени од сопствените политички или верски убедувања, на крајот стануваат инструменти на насилство и уништување во животот на многумина! Некои, родени во дигиталниот свет, го наоѓаат новото бојно поле во виртуелната средина и социјалните мрежи, бескрупулозно прибегнуваат кон оружјето на лажните вести за да шират отрови и да ги уништат своите противници.

Но, „божествената логика може да го направи најлошиот прогонител голем сведок“, „ученикот Христов е повикан да биде светлина на светот“.

Поклоници, а не туристи на верата

Се надевам, пишува Папата, дека сите ние можеме да ги доживееме овие фази како вистински верници, а не како „туристи на верата“! Да се отвориме за изненадувањата од Бог, кој сака неговата светлина да свети на нашиот пат. Да се отвориме за да го слушнеме Неговиот глас, исто така, преку нашите браќа и сестри. На овој начин ќе си помагаме да стоиме заедно и во овој тежок историски момент ќе станеме пророци на новото време, полни со надеж!

Текстот, потпишан од Фрањо на празникот Воздвижение на Светиот Крст, е дел од серијата од три пораки што ги придружуваат младите за време на патувањето помеѓу Светскиот ден на млади во Панама 2019 и Светскиот ден на млади во Лисабон 2023 година и сите се фокусирани на глаголот „стани”. Оваа година, за прв пат, локалната прослава на Светскиот ден на младите ќе се одбележи на празникот Христос – Цар на вселената. За да се подготви средбата, Канцеларијата за лаици, семејство и живот објави пасторални упатства за одбележување на Светскиот ден на младите во конкретните цркви, од каде се собрани вдахновенијата и искуствата од минатите Светски денови на млади.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот