Папата Фрањо донира трето амбулантно возило за украинска болница

Папата Фрањо донира трето амбулантно возило за украинска болница

Папата Фрањо по осми пат го испрати кардиналот Конрад Крајевски, префект на Дикастеријата за служба на милосрдието, во Украина за да го достави третото возило за брза помош и лекови за помош на настраданото население.

Близината на папата Фрањо со напатената Украина повторно се покажа со неговата последна донација на амбулантно возило на една украинска болница.

Кардиналот Конрад Крајевски, папски милостинар и префект на Дикастеријата за служба на милосрдието, повторно ќе биде лицето кое ќе го достави возилото за брза помош кое Светиот Отец го испрати во Украина.

Кардиналот Крајевски по осми пат ќе патува 2.000 километри до округот Зборив во украинскиот регион Тернопил, за да испорача амбулантно возило опремено како мобилен центар за реанимација до Централната болница.

Заедно со возилото, Папата испраќа по кардиналот Крајевски и голема количина на неопходни и спасоносни лекови од ватиканските аптеки и од римската болница „Гемели“.

Поради војната која е во тек, во регионот Тернопил секојдневно пристигнуваат бројни конвои со ранети војници и цивили, па возилото за брза помош ќе биде важен инструмент за поддршка на спасувачите на ранетите.

Во името на Папата, папскиот милостинар ќе го отвори и Центарот за рехабилитација Свети Иван Павле II, а е изграден во Виница во бискупијата Камјанец-Подилски, за да помогне во физичката и психолошката рехабилитација на оние кои претрпеле воени трауми.

Центарот, како и другите слични на него, е изграден со придонес на неколку папски фондации како „Помош на црквата во потреба“ и „Папската фондација“ и ќе биде отворен за сите, без разлика на верска или национална припадност.

ИКА/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот