Педесет илјади верници присуствуваа на плоштадот Свети Петар на светата Литургија по повод Светскиот ден посветен на најмалите. На денот кога Црквата го одбележува празникот на Пресвета Троица, папата Фрањо раговараше со децата, потсетувајќи ги на љубовта на Отецот и на Исус кој простува сè и секогаш. Заедно со нив се помоли за мир и го најави следниот Светски ден на младите кој ќе се одбележи во септември 2026 година.
По повод првиот Светски ден на детето и празникот Пресвата Троица, папата Фрањо во недела 26 мај 2024 година ја предводеше светата Литургија на плоштадот Свети Петар. Во проповедта Папата директно им се обрати на децата и разговараше со нив. На почетокот ги потсети дека сите верници се собрани на молитва:
Му се молиме на Бога – Бог Отецот, Бог Синот и Бог Светиот Дух. Колку „богови“ има? Има еден Бог во три лица: Отецот кој сите не создал, кој неизмерно нè љуби и кога се молиме на Бога Отецот, која молитва ја молиме сите? Оче наш, тоа е точно. Секогаш го молиме Бога, нашиот Отец, да нè придружува во животот и да растеме.
„Го молиме Божјиот Син Исус да ни помогне, да ни биде блиску и кога ќе се причестиме, го примаме Исус, и Тој ни ги простува сите гревови. Исус простува сè, и секогаш простува, а ние мора да имаме понизност за да бараме прошка“, потсети Светиот Отец.
Осврнувајќи се на личноста на Светиот Дух, Папата рече дека Него е малку потешко да се разбере:
Не е лесно да се сфати, бидејќи Светиот Дух е Бог, Тој е во нас. Светиот Дух го примаме во крштението, го примаме во Светите Тајни. Светиот Дух е оној кој нè придружува низ животот. Да размислиме и да кажеме заедно: „Светиот Дух нè придружува низ животот“. Тој ни кажува во нашите срца добри работи кои треба да ги правиме.
Повикувајќи ги присутните деца да се молат за своите родители, баби и дедовци и болните деца, ги поттикна секогаш и пред се да се молат за мир, за да нема војни. На крајот, го објави времето за Вториот Светски ден на детето:
Сега треба да си одиме, но кога е следниот Светски ден на детето? Оние кои го организираа ова ми кажаа дека следниот датум ќе биде во септември 2026 година! Ве чекаме! И ви благодарам многу, ви благодарам многу!
к.мк