Папата Фрањо го упати првиот јавен поздрав и благослов од болницата

Папата Фрањо го упати првиот јавен поздрав и благослов од болницата

Папата Фрањо, во недела 23 март 2025 година се појави за прв пат по неговата хоспитализација од балконот на римската болница Гемели, пред да ја напушти установата каде што беше од 14 февруари. Тој ги поздрави присутните, ги благослови и им покажа „палец нагоре“ на речиси три илјади луѓе собрани на плоштадот, кои аплаудираа на неговото појавување и отпуштање од болницата.

Папата Фрањо ги поздрави околу три илјади верници собрани на плоштадот пред влезот на болницата Гемели во Рим, изговарајќи „благодарам на сите!

Тој кажа само неколку зборови од малиот балкон. Со напор и со уморен изглед, со рацете потпрени на колена, ги подигна за да го благослови народот, а потоа мафташе и им се насмевнуваше на луѓето кои извикуваа: „Франческо, Франческо!“, „Те сакаме!“, „Тука сме за тебе!“

„Ви благодарам на сите! рече Папата со слаб глас. Беше планиран само поздрав, но Папата сакаше да биде и виден, а не само да се слушне. Со поглед го опфати целиот плоштад. Во првиот ред забележа една госпоѓа, Кармела Манкузо, од Калабрија, како држи букет жолти цветови. Таа дојдела од до болницата Гемели за да го види Папата. Светиот Отец ја здогледа госпоѓата со жолтите цветови и ѝ мавна со рака.

Набргу откако го напушти балконот по неговиот краток поздрав, народот се упати кон влезот на болницата Гемели за да го види Папата додека тој заминува со својот вообичаен бел Fiat 500L. Неговото заминување беше придружувано со поздрави и овации. Од таму Светиот Отец се упати кон базиликата Света Марија Велика каде што се сретна со кардиналот Роландас Макрикас, коадјутор архипрезвитер на Папската базилика, подарувајќи му цвеќе кое треба да биде положено пред иконата Mary Salus Populi Romani во знак на неговата благодарност за нејзината грижа и заштита.

Пред да се појави на балконот на болницата, папата Фрањо накратко ги поздрави вработените и раководителите на Католичкиот универзитет и Полилиника Gemelli.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот