Папата Фрањо го промени датум за одржување на Светскиот ден на мигранти и бегалци по молба на повеќе Епископски конференции, објави на 20 ноември 2018 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Наместо 19 јануари во идинина Светскиот ден на мигранти и бегалци ќе се слави последната недела во септември, а следната година се паѓа на 29 септември. Пораката на Папата вообичаено ќе биде објавена неколку месеци претходно.
Светскиот ден на мигранти и бегалци е основан во 1914 година од папата Бенедикт XV. (1914-1922) и следната година ќе се одбележи по 105 пат.
Пораката за оваа година имаше наслов: Примање, заштита, помагање и интегрирање на бегалците и мигрантите“.
Ватикан њуз/к.мк