Папата Фрањо го прими унгарскиот премиер Орбан

Папата Фрањо го прими унгарскиот премиер Орбан

Аудиенцијата во која Папата го прими унгарскиот премиер Орбан, кој повторно по четврти пат победи на изборите на 3 април, траеше четириесет минути. Папата Фрањо и унгарскиот премиер последен пат се сретнаа на 12 септември 2021 година, по повод патувањето на папата во Будимпешта по повод Евхаристискиот конгрес

Аудиенцијата траеше четириесет минути, на која Папата го прими Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, земја на која и оддаде почит поради заштита и приемот на бегалците кои бегаат од Украина. Во приватна посета, премиерот, кој дојде во Ватикан со сопругата и придружба, не се сретна со Државниот секретар кардинал Пиетро Паролино – кој деновиве е во Мексико – ниту со секретарот за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер.

Папата и унгарскиот премиер разговараа во Апостолската библиотека, во присуство на преведувач. Среќен сум за вашето присуство овде – рече Папата за време на разговорот на кој на крајот, поздравувајќи го премиерот на англиски јазик, посака: Господ да ве благослови, да го благослови вашето семејство и Унгарија.

Подароци

Премиерот Орбан му подари на Папата две книги за Бела Барток, унгарски композитор и музички стручњак, збирка звучни снимки од оперска музика и Часослов за Великата седмица од 1750 година на англиски и латински.

Папата возврати со бронзена плоча на која е прикажан свети Мартин од Турс – по потекло од Панонија, денешна Унгарија – во моментот кога подарува на сиромашниот дел од својата наметка. Папата рече дека подарокот го избрал специјално за премиерот. Свети Мартин, кој е Унгарец, а во исто време мислев дека вие Унгарците моментално ги примате сите овие бегалци – рече папата Фрањо. Покрај тоа, Папата му подари и некои Папски документи, овогодинешната Порака за Светскиот ден на мирот, Документот за човечко братство, потпишан во 2019 година во Абу Даби и книгата од Издавачката книга на Ватикан Statio Orbis на 27 март 2020 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот