Во четврток, 17 август 2023 година, папата Фрањо се сретна со претседателот на Мадагаскар Андри Нирин Рајоелин во Ватикан и потсети на неговата апостолска посета на таа земја во 2019 година.
Светиот Отец во четврток на 17 август во приватна аудиенција го прими претседателот на Република Мадагаскар Андри Нирин Рајоелин, кој потоа се сретна со монс. Мирослав Ваховски, потсекретар на Ватикан за односи со државите.
Во разговорот одржан во Државниот секретаријат, беа истакнати позитивните билатерални односи меѓу Светиот Престол и Мадагаскар, како и придонесот на Католичката црква во повеќе сектори на мадагаскарското општество.
Меѓународни прашања
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение во кое се нагласува дека во разговорот биле опфатени различни национални и меѓународни теми.
Разговорите се повети внаимание на на тековната војна во Украина и нејзините глобални последици; и кризните ситуации кои го зафатија африканскиот континент.
Двете страни го поддржаа потенцијалот за продолжување на изработката на нацрт билатерален договор, како дополнителен знак на целосно почитување.
Подароци
Следуваше размена на подароци. Папата Фрањо на претседателот на Мадагаскар му ја врачи овогодинешната порака за мир, Папски документи, Книгата „Statio Orbis“ од 27 март 2020 година, објавена од книжарницата на издавачката куќа Ватикан и бронзената скулптура „Бидете гласници на мирот“.
Претседателот на Мадагаскар на Папата му подари слика на која е прикажана сцена од селскиот живот во Мадагаскар и игра „Солитер“ со топки направени од камења.
Потсетување на Апостолската посета на Мадагаскар
На крајот од аудиенцијата, папата Фрањо и претседателот Рајоелин и неговата делегација направија заедничка фотографија со минијатурна реплика на бродот што Папата го доби на подарок за време на неговата Апостолска посета на Мадагаскар во септември 2019 година
Светиот Отец со присутните ја молеше молитвата „Радувај се Маријо“ пред статуата на Пресвета Богородица која му ја подарија епископите на Мадагаскар и им го даде својот благослов.
Ватикан њуз/к.мк