Средбата со младите беше последниот настан од 35. Апостолско патување на папата Фрањо, по што тој замина на аеродромот во Атина.
Во понеделник, 6 декември 2021 година, папата Фрањо ја заврши посетата на Грција. По светата Литургија во капелата на Апостолската нунцијатура, во дипломатската мисија го прими претседателот на грчкиот парламент Константинос Тасулас.
Пред да се прости од гостинската куќа, која стана негова резиденција за време на неговиот престој во Грција, Светиот Отец се сретна со група млади христијански бегалци од Сирија, за кои се грижи Ординаријатот на Ерменската католичка црква во Грција.
Од седиштето на дипломатското претставништво Папата замина во Католичкото училиште Свети Дионисиј, кое го раководат сестрите Урсулинки, каде во салата на училиштето се одржа средба со младите, која беше и последен настан од оваа посета. Веднаш по завршувањето на средбата, Светиот Отец замина на меѓународниот аеродром во Атина, каде беше одржана проштална церемонија со присуство на шефот на грчката дипломатија.
Околу пладне по локално време, авион на грчката авиокомпанија Aegean со папата Фрањо полета од Атина кон Рим. По двочасовен лет за време на традиционалната средба на Светиот Отец со новинарите, ќе слета на меѓународниот аеродром Чампино во Рим.
Ватикан њуз/к.мк