Папата Фрањо на 18 мај испрати писмо со благослов на новоформираниот Институт за култура Свети Иван Павле II. на Папскиот универзитет Свети Тома Аквински.
Папскиот универзитет Свети Тома Аквински – Ангеликум на сто годишнината од раѓањето на Свети Иван Павле II го основа Институтот за култура кој го носи името на Светиот Папа. Со тоа тие сакаа да му оддадат почит на нивниот најпознат студент Карол Војтила.
Папата Фрањо истиот ден испрати писмо до ректорот на Универзитетот Михал Палуч. Во него тој напиша дека Свети Иван Павле II, го инспирирал овој проект и бил некогаш прв и најважен градител. „Ова е благодарност за богатото и разновидно наследство кое ни го остави, пред сè, со примерот на својот отворен и контемплативен дух, воодушевен за Бог и човекот, за создавање, историја и уметност”, додаде папата Фрањо.
„Низата искуства кои го одбележаа неговиот живот”, напиша Светиот Отец го доведе до подлабоко размислување за човекот и неговите културолошки корени како важна основна точка за секое навестување на Евангелието.
Потсетувајќи на зборовите од енцикликата „Редемптор хоминис” (Redemptor hominis), Папата истакна дека треба да го задржиме таковиот пристап, ако сакаме Црква која гледа кон надвор, наместо да се задоволиме со зачувување и управување на она што го имаме, но со верност на нашата мисија..
Папата изрази задоволство што ваква иницијатива пронајде дом на Ангеликум, на кој има професори и студенти од целиот свет. Исто така изрази желба да биде украсена со „храброста на вистината, слободата на духот и интелектуалната искреност”.
На крајот од писмото, Папата Фрањо изрази благодарност на ректорот Палуч, и на сите професори, студенти и вработени на Универзитетот, со најдобри желби за работа, и им подели свој апостолски благослов.
Ватикан њуз/к.мк