Папата Фрањо ги прими началниците за безбедност на повеќе италијански градови

„Почитување на законите, сослушување, трпение“. Ова се клучните зборови за надминување на „кризата на авторитетот“ во современото општество, бидејќи по прашањата на миграцијата треба да биде гарантирано почитувањето „на основните права на секоја личност“. Тоа го потврди Папата Фрањо пред италијанските началници за безбедност кои ги прими во аудиенција во Ватикан, придружувани од министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано. Папата истакна дека нивната задача е да ја претставуваат централната власт по целата италијанска територија, а особено „заштитата на јавниот ред и јавната безбедност“.

Не апстрактни проблеми, туку „конкретните лица на мажи и жени“, со нивните проблеми и надежи, кои во овие години на несигурност и економски тешкотии“ се уште поитни. Според зборовите на папата Фрањо, во оваа реалност се формираат италијанските началници за безбедност, кои се придржуваат кон почитувањето на законот и принципите на хуманост и лојалност кон институциите:

„Кризата на авторитет, која се одразува врз општеството, како во јавниот, така и во приватниот сектор, со многу големи последици особено за воспитувањето на младите генерации, се должи на недостаток на овие основни правила за послушност, сослушување, трпение“.

Остварувањето на власта секогаш има за цел „извршување на општото добро“, во служба на општеството, како што правеше и Исус Христос, дојде меѓу нас, за да служи“. Во таа смисла Папата ја истакна потребата од „флексибилност за справување во пракса со секојдневните проблеми врз целата територија на земјата, особено „феноменот на миграцијата“, поврзано со зголемувањето на жестоките конфликти во светот и нивните трагични последици за луѓето и економиите на многу држави“. Затоа од големо значење е надлежноста на префектурите за емиграциските прашања:

„Овие проблеми доведуваат до потребата при секојдневното управување на итните ситуации да се применуваат правилно законите и важечките одредби што ќе гарантира добра волја за почитување на основните права на секоја човечка личност“, истакна Светиот Отец и додаде:

„Црквата како божествена и човечка реалност, им служи на луѓето врз основа на Христовото учење. Таа сака да ја исполни својата воспитувачка и милосрдна мисија во искрена соработка со државните институции, за промовирање на човекот и општото добро. Затоа се радува дека во лицето на префектурите наоѓа еден од партнерите, со кој најдобро ја остварува оваа соработка, за доброто на сите граѓани“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот