На четвртиот ден од „покајничкото ходочасите“ во Канада, 27 јули, папата Фрањо ја напушти Алберта и по четиричасовен лет пристигна на меѓународниот аеродром Жан Лесаж во Квебек.
Потоа со автомобил отиде по Гранде Але (Grande Allee) покрај Battlefields паркот и Авраамовите рамнини до Стариот град – Цитадела де Квебек (Citadelle de Québec), резиденцијата на генералната гувернерка, каде што беше пречекан од гувернерката Мери Симон (75) и премиерот Џастин Трудо ( 50) и беше одржана церемонија за добредојде.
Папата потоа се задржа во приватен разговор со првата гувернерка со домородни корени, мајка Инук и татко Англичанец, кој има три деца и зборува англиски и инуктитутски јазици. Таа ја презеде функцијата 30. генерална гувернерка на Канада на 6 јули 2021 година. Позната по нејзиното застапување за правата на домородните народи, во седумдесетите години работеше на договор со кој за прв пат се признаваат правата на народите Кри и Инуитите во областа на заливот Џејмс Баја и северен Квебек. Беше првиот амбасадор на Арктикот и во Данска. Во 2008 година, го прифати официјалното јавно извинување од тогашниот премиер Стивен Харпер до преживеаните од училиштата и до сите домородни народи во Канада.
Папата потоа приватно се сретна со премиерот Џастин Трудо, син на популарниот поранешен премиер Пјер Трудо; Во 2008 година, беше избран за пратеник во канадскиот парламент, а како лидер на Либералната партија, првпат беше избран за премиер во 2015 година, а сега е во тек третио мандат (од 2021 година). Премиерот разговараше и со државниот секретар на папата Пиетро Паролин.
Ватикан њуз/к.мк