Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, ги претстави деталите од 46-то апостолско патување на папата Фрањо во овие две земји, седишта на финансиските и административните институции на Европската унија: „Мирот е централна тема во време кога континентот повторно би можел да биде вовлечен во конфликт“. Здравјето на Папата: „Засега се е според планираното“
Од краиштата на светот до срцето на Европа. По големото ходочестие во Југоисточна Азија и Океанија, се очекува папата Фрањо да започне ново меѓународно патување, 46-то во неговиот понтификат, во Луксембург и Белгија. Две земји, раскрсници на историјата на Стариот континент и центар на европските институции, кои Светиот Отец ќе ги посети од 26 до 29 септември каде ќе зборува за мирот, миграцијата, климатската криза и иднината на младите. Не заборавајќи, сепак, на актуелните црковни прашања како што е улогата на христијанството во општествата кои се оставени на милост и немилост на секуларизацијата и рамнодушноста, придонесот на христијанското образование – всушност, една од причините за ова патување е 600-годишнината на Католичкиот универзитет од Лувен, основан во 1425 година.
По стапките на Иван Павле II.
Детали и објаснувања за разбирањето за патувањето на папата Фрањо во странство на 23 септември, на прес-конференција даде Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, кој воедно пренесе смирувачки тон за здравствената состојба на папата Фрањо, кој во понеделник ги откажа закажаните аудиенции поради „благ грип“. Нема промени – рече тој – засега се останува точно како што е планирано. А тоа патување – потсети портпаролот на Ватикан – се одвива по стапките на посетата на Иван Павле II. на тие две земји во 1985 година.
Предизвикот на христијанското сведочење во Европа
Бројни светци и мисионери низ вековите го сееле семето на христијанството во тие земји. Секуларизацијата е една од темите, но можеби уште повеќе е предизвикот на христијанското сведочење во Европа, каде што христијанството е помалку познато отколку во минатото, полно со прашања, од кои многу не се изразени, со чувство на пропаѓање – истакна Бруни.
Централната тема е мирот
Мирот ќе биде една од главните теми на седумте говори (сите на италијански) кои ќе ги одржи папата Фрањо за време на патувањето. Тоа ќе биде и потсетник – рече Бруни – во спомен на тие земји кои силно сакаа и работеа на создавање услови за мир по страдањата претрпени за време на војната, токму во моментот кога на континентот му се заканува повторно да биде вовлечен во конфликт. Освен тоа, не треба да заборавиме дека Папата се обраќа и на континент кој сериозно се преиспитува во однос на еколошките прашања – додаде Матео Бруни.
Придружбата на Папата
Портпаролот на Ватикан се осврна на деталите од четиридневното патување, кое ќе опфати средби со претставници на властите на Европската унија и сродните институции во различни прилики. Државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, кој е во Њујорк претставувајќи го Светиот Престол на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, нема да биде на патувањето. Папата ќе биде придружуван од кардиналите Роберт Френсис Превост, префект на Дикастеријата за епископи и Марчело Семераро, префект на Дикастеријата за светци.
Ватикан њуз/к.мк