Во понеделник, 16 октомври 2023 година, папата Фрањо го прими во аудиенција кралот на Бахреин, неговото височество Хамад бин Иса Ал Калифа. Двајцата лидери разговараа и се потсетија на посетата на папата Фрањо на Бахреин во ноември 2022 година.
Папата Фрањо во понеделник, 16 октомври во Ватикан го пречека неговото височество Хамад бин Иса Ал Калифа, кралот на Бахреин и неговата придружба.
Следеше вообичаена размена на подароци. Светиот Отец на Неговото Височество му врачи триптих од понтификатските медали, бронзена скулптура на маслиново гранче, овогодинешната порака за Светскиот ден на мирот, Документот за човечко братство и книгата „Statio Orbis“ од 27 март 2020 година.
Неговото височество кралот Хамад бин Иса Ал Калифа му подари на папата Фрањо кристална вазна со часовник, која содржи некои мириси, книга со фотографии од посетата на Папата на Бахреин минатата година и книга за изградбата на новата катедрала во Бахреин.
Патувањето на Папата во Бахреин
Папата Фрањо го посети Кралството Бахреин пред една година од 3 до 6 ноември 2022 година.
Во таа пригода Папата присуствуваше на „Бахреинскиот форум за дијалог: Исток и Запад за човечки соживот“ и се сретна со малата католичка заедница во таа земја. Патувањето на Папата се одвиваше под мотото „Мир на земјата на луѓето со добра волја“.
На Генералната аудиенција по враќањето од Апостолско патување, Папата ја опиша посетата како дијалог и братство во свет погоден од поделби и конфликти. Тој посочи дека неговата посета се однесуваше на дијалог, средби и патувања и дека дијалогот всушност е „кислород на мирот“, бидејќи ги отвора умовите и срцата и ги урива ѕидовите на насилството и поделбите.
Ватикан њуз/к.мк