По пладневната молитва Царице небесна, на Светол понеделник, 18 април 2022 година, Папата повторно апелираше нашите срца да се обратат кон Божјите планови за правда и мир и рече: „Секогаш нагласувајте го овој збор: помирување, бидејќи Исус не помири сите нас со Отецот на Голгота и со неговото воскресение сите нас нѐ помири со Бога и едни со други.
Од прозорецот на Апостолската палата Папата им се обрати на плоштадот Свети Петар, на Римјаните и на поклониците од повеќе земји, повторно честитајќи го Велигден. Не ги заборави оние кои се во жалост. Нека благодатта на воскреснатиот Господ им даде утеха и надеж на оние што страдаат; никој да не биде напуштен!
Секогаш нагласувајте го зборот „помирување“
Мислите на Папата потоа неизбежно отидоа на места обележани со конфликти. Кавгите, војните и споровите нека отстапат место на разбирањето и помирувањето. Секогаш треба да се истакнува тој збор: помирување, бидејќи на Голгота и со неговото воскресение, Исус сите нас нè помири со Отецот, со Бога и еден со друг. Помирување – повтори Светиот Отец.
Преобраќање кон Божјиот наум за праведност
Потоа нѐ потсети дека Бог победи во одлучувачката битка против духот на злото и затоа, во таа сигурност, поттикна сите да му дозволат да победи. Да се откажеме од нашите човечки планови, да се свртиме кон неговите планови за мир и правда.
Благодарноста за молитвите
Доверувајќи ги на Господ оние кои му честитаа во изминатите денови, тој рече дека неговото срце е полно со посебна благодарност до оние кои се молеа за Папата. Особено сум благодарен за молитвите! Го молам Бога, со посредство на Богородица, да ги награди сите со своите дарови – рече Светиот Отец.
Младите – прекрасен знак на надеж
Папата Фрањо во овој ден на плоштадот Свети Петар ќе се сретне со повеќе од 50.000 адолесценти од цела Италија. Нивниот ентузијазам е силен, толку многу што може да се види по околните улици, од рано наутро. Тоа е убав знак на надеж! – рече Папата, истакнувајќи дека некои веќе се сместени на плоштадот.
Ватикан њуз/к.мк