Папата Фрањо повтори дека вештачката интелигенција треба да се користи само за доброто на човештвото во своето обраќање. Ова го истакна Папата во сабота 22 јнуи 2024 година пред учесниците на меѓународната конференција на тема „Генеративната вештачка интелигенција и технократската парадигма“, организирана од ватиканската фондација „Centesimus Annus Pro Pontifice“.
Акцентот на Папата за етичката употреба на вештачката интелигенција доаѓа нешто повеќе од една недела откако зборуваше на оваа тема на состанокот Г7 во Бари, Италија.
Во својот говор, Папата изрази задоволство што фондацијата „дава значителен простор на оваа тема, вклучувајќи научници и експерти од различни земји и дисциплини, анализирајќи ги можностите и ризиците поврзани со развојот и употребата на вештачката интелигенција“. Тој предупреди за автономната работа на таа алатка, нагласувајќи дека вештачката интелигенција „е и мора да остане алатка“ во човечки раце. Понатаму, нагласи дека вештачката интелигенција не треба да се користи за да се спроведува „култура на отфрлање“ која ја фаворизира нееднаквоста и носи одлуки надвор од нејзиниот опсег.
Светиот Отец ги охрабри учесниците да продолжат со истражување за вистинската цел на вештачката интелигенција и праша дали таа служи за задоволување на потребите на човештвото, за подобрување на благосостојбата и севкупниот развој на луѓето или служи за збогатување и зголемување на веќе големата моќ на неколку технолошки гиганти и покрај опасностите за човештвото?“
Имајќи предвид дека иднината на човештвото во голема мера е обликувана од технолошките иновации, Папата рече дека „не смееме да ја пропуштиме можноста да размислуваме и дејствуваме на нов начин, со ум, срце и раце“, за да ги „насочиме иновациите кон модел што е првенствено насочено кон човечкото достоинство“.
Својот говор Светиот Отец го заврши, како што рече, со „предизвик“. „Дали сме сигурни дека сакаме да продолжиме да нарекуваме „интелигенција“ она што не е интелигенција. Повикувајќи на размислување на крајот рече: „Зарем злоупотребата на тој збор, кој е толку важен и толку човечки, не е предавање на технократската моќ?
Ватикан нуз/к.мк